Кевин Дурант
Кевин Дурант роден 29
септември 1988 год. е американски професионален кошаркар во Националната Кошаркарска
Асоцијација НБА во тимот на Оклахома Сити Тандер. 206 cm високиот Дјурант
кој игра на позиција крило и бек, и кој исто така е способен да игра како
крилен центар, беше избран за играч на годината во универзитетската кошаркарска
лига, а меѓу останатите награди во сезоната 2006-2007 беше избран за играч на
годината од страна на универзитетскиот спортски собир. Истакнувајќи се во
првата сезона на Универзитетот во Тексас, Дјурант одлучи да се пријави на НБА
драфтот, каде што беше избран севкупно втор од страна на Сиетл Супер Соникс. Во
неговата дебитантска сезона во НБА, Кевин ја освои наградата дебитант на
годината. Во 2007 година, Дјурант потпиша договор за рекламирање со Најк. Во
сезоната 2009-10, Дјурант беше најдобар стрелец во НБА и стана најмладиот играч
што некогаш ја освоил оваа награда. Кевин подоцна ќе биде избран во првата
петорка на НБА за сезоната 2010.
Позиција:
|
Крило
|
Висина:
|
206 цм
|
Тежина:
|
107 кг
|
Лига:
|
НБА
|
Тим:
|
Оклахома Сити Тандерс
|
Роден:
|
29 септември 1988
Вашингтон, САД |
Меѓународна кариера
Кон крајот на февруари, 2007 година, доби покана од кампот за обука на кошаркарскиот тим на САД, станувајќи со тоа вториот дебитант после Грег Оден, кој се здобил со ова. По само неколку одиграни натпревари во 2007 година, во летната лига на НБА, Дјурант беше избран да игра за репрезентацијата на САД, и учествуваше во турнирот “State Farm USA basketball challenge”, заедно со НБА- ѕвезди како Коби Брајант, Леброн Џејмс, Крис Бош и Двајт Хауард. Иако Дјурант постигна 22 поени на еден натпревар за “Сините”, Кевин на крајот не беше избран, откако списокот беше скратен на најмногу 12 играчи. Тренерот Мајк Крижевски, цитираше дека искуството на останатите играчи беше одлучувачки фактор во конечниот избор. Кевин, исто така, беше еден од последните играчи што испаднаа од списокот за машката кошаркарска репрезентација на САД, за Летните Олимписки игри во 2008 година. Дјурант конечно беше во можност да ја претставува репрезентацијата на САД, на ФИБА Светското првенство, во 2010 година, и излезе дека е одличен избор, бидејќи останатите ѕвезди не беа достапни од различни причини.
He is the man!
ReplyDeleteLele lugje sto naravivme :D
ReplyDeleteМојот омилен играч He is the man :D
ReplyDelete